Големите WTCC ѕвезди Иван Мулер и Габриел Тарквини зад воланот на Seat
Leon TDI ги освоија победите во двете трки на првиот WTCC настан од
сезоната кој се одржа на патеката во Куритиба, Бразил.
Очигледно е дека дизелската технологија годинава ќе
претставува сила што треба да се победи. Дизелиските Seat Loen во Куритиба
беа неприкосновени.
Во првата трка на жешкиот и леплив асфалт Мулер и
неговиот тимски другар Рикард Рајдел ги држеа во сенка тимските другари од BMW Team
Germany, Аугусто Фарфус и Јорг Милер и на Seat му ја
донесоа првата еден-два победа годинава.
Интересно е што автомобилите на BMW неможеа да
се носат со дизелите на Seat на правец и покрај тоа што имаа подобар избор на гуми и
имаат поголема предност во свијоци.
Во втората трка победата повторно му припадна на Seat и нивниот
возач Габриел Тарквини, кој стартуваше извонредно го превезеде водството и не
го испушти до крај. За второ место во воаа трка се бора двајца возачи на BMW, Феликс
Портиеро од Шпанија и двократниот светскиот шампион Енди Приалу.
Пред крај на трката Приалу успеа да го престигне Портеиро
и заврши втор. Понатаму Јорг Милер и Иван Мулер се бореа за четвртото место кое
на крај му припадна на Јорг, а Иван мораше да се задоволи со петото место.
Шампионат возачи:
1 Иван Мулер 14
2 Габриел Тарквини 14
3 Анди Приалу 13
4 Јорг Милер 11
Шампионат конструктори:
1 Seat 33
2 BMW 25
3 Chevrolet 7
4 Honda 0
|