Роберт Хуф и Алан Менју на третиот настан од сезоната во WTCC, Валенсија на Chevrolet му донесоа двојна победа доволно за второ место во генерален пласман и за да се
врати во играта за титула.
Роберт Хуф прв мина под чекираното знаме остварувајќи една од најимпресивните победи во сезоната до сега. Стартуваше од
четвртата позиција, но брзо почна да нaпредува и веќе во петиот круг се најде
на чело на поредокот. Спората патека полна свијоци му годеше на неговиот автомобил,
тој успеа од него да извлече максимум и се закити со првата победа во сезоната.
Интересно е што хендикепот што го снајде Seat на оваа
трка не изгледаше толку страшно. Шпанскиот тим и покрај ограничувањата на FIA и баластот
на успех повторно имаше двајца возачи на подиумот. Тарквини и Хене го освоија
второто и третото место овозможувајќи му на Seat да ја зацврсти лидерската позиција во шампионатот на
производители. Воедно освоените бодови му помогнаа на Тарквини да се зацврсти
на врвот во шампионатот за возачи.
Иако не победи во оваа прва трка во Валенсија, Seat сепак
пројде добро, бидејќи дури и четвртата позиција беше освоена од возач на тимот,
поточно Иван Мулер.
Втората трка повторно мина во знакот на Chevrolet.
Во овој случај Алан Менју беше човекот што славеше, додека веднаш зад него
пристигна победникот од првата трка Роберт Хуф.
Chevrolеt во Валенсија не само што победи во двете трки, туку,
дополнително во втората трка освои еден-два победа. Зад петиците на Менју и Хуф овој пат
беа возачите на BMW, светскиот шампион Енди Приалу и Јорг Милер освојувајќи
ги третото и четвртото место.
Seat малку потфрли во оваа трка, но и покрај полошиот пласман
сепак неговите возачи беа во жижата на настанот. Посебно ова се однесува на
Тарквини кој жестоко се бореше со пулените на BMW, но на
крај мораше да се задоволи со петото место, следен од тимските другари Џорди
Хене, Рикард Рајдел и Иван Мулер.
Додека Chevrolet и Seat остварија
многу на настанот во Валенсија, баварците потфрлија. BMW сега се
наоѓа на третото место во шампионатот за конструктори. Иако четирите бода во
однос на второпласираниот Chevrolet се лесно достижни, сепак, за да се
израмни со водечкиот Seat му требаат масивни 33 бода. Сериозна разлика што тешко би
можеле да ја совладаат дури до крајот на сезоната.
Шампионат возачи
1 Габриеле
Тарквини 36
2 Иван Мулер 28
3 Рикард Рајдел 28
4 Џорди Хене 24
5 Енди Приалу 22
Шампионат производители
1 Seat 90
2 Chevrolet 61
3 BMW 57
4 Honda 0
|