Спортскиот директор на Seat, Џејми Пјуиг
со овие зборови го опиша успехот на шпанската марка на вториот настан од
сезоната во WTCC во Пуебла, Мексико кој заврши со целосен триумф на Seat.
Единствено што можеше да се види на победничкот подиум и
во двете трки беа возачите на Seat, а под нив паркирани модификуваните сериски автомобили Leon
TDI.
Иако во оваа приказна треба да се вметне и Никола Ларини
кој со својот Chevrolet Lacetti во првата трка
успеа да го освои третото место, сепак, ова беше премалку за на крајот од
тркачкиот викенд да не се констатира целосна доминација на Seat.
Победата во првата трка ја освои Џорди Хене кој со својот
Leon TDI на квалификациите успеа да постигне најдобро време и да
ја освои полпозицијата. Единствениот сериозен противник на Хене во оваа трка
беше неговиот тимски другар Рикард Рајдел. Тие буквално ги сметоа конкурентите и
безмалку заедно минаа низ целта со разлика од само 0.415 секунди освојувајќи
нова 1-2 победа за Seat.
Третото место во оваа трка му припадна на Ларини од Chevrolet, но затоа
автомобилите на Seat по него се наредија се до седмата позиција. Во втората
трка успехот на Seat беше многу поизразен бидејќи неговите автомобили ги
завездоа од првото до шестото место. Од кои првите пет беа Leon
TDI, а шестиот Leon со бензинскиот мотор TFSI. Дури на
седмото место успеа да се пласира двокартниот шампион Енди Приалу со BMW.
Еден ваков резултат е нешто што досега е невидено во WTCC, Светскиот
шампионат со модификувани туристички автомобили.
TDI машинитe на Seat ги освоија сите четири трки од стартот на сезоната и му
помогнаа на шпанскиот производител да ја зацврсти позицијата во шампионатот за
производители. Аналогно и неговите возачи цврсто ги држат првите четири позиции
во шампионатот за возачи.
Веднаш зад нив е тимот на BMW предводен
од шампионот Приалу, но разликата од 29 бода кај тимовите и заостатокот од
12 бода зад водечкиот во шампионатот Рикард Рајдел говори дека баварците ќе
имаат многу работа во преостанатиот дел од сезоната.
Нормално успехот на Seat на првите
две трки од сезоната беше очекуван бидејќи и двете патеки и Куритиба и Пуебла
повеќе им одговараат на автомобилите со погон напред. Но, една ваква надмоќност
се чини дека ги затече во BMW.
Иако на следните трки се очекува многу порамномерна
распределба на силите на теренот Seat покажува дека е
жилав противник и дека нивните турбо-дизели се на добар пат годинава да остварат светска
доминација.
Шампионат возачи
1 Рикард Рајдел 26
2 Габриеле Тарквини 24
3 Иван Мулер 22
4 Џорди Хене 15
5 Енди Приалу 14
Шампионат производители
1 Seat 69
2 BMW 40
3 Chevrolet 28
4 Honda 0
|