Seat ја затвори сезоната во Mакао со две
титули, 12 победи и 19 подиуми, а Иван Мулер ја освои својата прва возачка титула во WTCC со Seat
Leon TDI.
На последната трка во Макао, Иван Милер иако не успеа да
се искачи на највисокото скалило на пиедесталот, сепак, успеа да го победи
својот тимски другар Габриеле Тарквини во борбата за титула.
Милер во Макао беше крунисан за шампион во WTCC во
конкуренција на возачи и воедно стана првиот француски возач кој успеал да освои
светска титула во шампионат на FIA на тркачка писта од 1993 наваму.
Титулата дојде по три победи и пет подиуми колку што
успеа да освои Милер годинава.
Иако шампионската титула на Seat во
конкуренција на производители дојде на претпоследната трка од сезоната Макао
беше одлучувачки настан за превласт во шампионатот за возачи.
Во првата трка Милер финиширашпе трет додека неговиот
најголем конкурент Тарквини немаше среќа и мораше да се задоволи со седмата
позиција која му донесе значително помал број бодови.
Втората трка носеше нови надежи за Тарквини, но
италијанецот заедно со уште еден од пулените на Seat, Џорди
Хене не успеа да ја заврши трката. Тука пропаднаа сништата за освојување на
шампионската титула.
Иван Милер пак успеа да го подобри својот резултат во
втората трка и мина под чекираното знаме веднаш зад Робер Хаф од таборот на Chevrolet.
И додека Seat доминираше во текот на сезоната, Chevrolet доминираше
на последната трка освојувајќи две први места.
Возачите на Chevrolet, Алан Менју и Роберт
Хаф со оваа двојна победа му овозможија на нивниот верен другар,
автомобилот Lacetti, на достоен начин да ја заврши својата кариера и да се
прости од публиката.
Од следната сезона неговото место на асфалтот ќе го
наследи новиот автомобил на Chevrolet за WTCC конструиран
врз основата на новиот Cruze.
|